top of page

 

ВАШИОТ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН ДОМ

 

Објектот се наоѓа во центарот на Скопје, на почетокот на улица Водњанска, во мирната уличка Шарски одреди број 3, со енергетска класа А, опремен со топлински пумпи со инвертери, мулти сплит систем, со тројно застаклени прозорци, изведен со високо-квалитетни и сертифицирани материјали. Објектот е блиску до трговските центри ЗЕБРА и РАМСТОР, до новото основно училиште „Киро Глигоров“, до градинката „Кочо Рацин“, до Клиничкиот центар и до улицата „Водњанска“. Ги нуди предностите на градскиот живот наоѓајќи се на пешачко растојание до центарот на градот (Булевар Мадедонија, Трговскиот центар) истовремено пружајќи им мирно засолниште на станарите по напорниот ден, мала оаза во градскиот метеж. Овозможува донесување на лични одлуки за внатрешниот комфор, и лете и земе, преку самостојниот систем за греење/ладење за секој стан, а со тоа и контрола на трошоците за енергија. Наменет е за сите генерации со становите кои се прилагодливи и соодветни за различни потреби.

ЗАБЕЛЕШКИ:

- Адаптирањето на становите е можно до завршување на армирано-бетонските работи;

- Проектантот го заржува правото на корекции на проектот;

- Котите се проектантски;

- Точната квадратура се одредува по геодетското премерување на изведениот објект;

- Распоредот на намештај е ориентационен.

bottom of page