Зора Каралиева е дипломиран инженер архитект. Работно искуство од 1998 година во областа на проектирањето (ГП„ПЕЛАГОНИЈА“) и надзор на објекти. Од 2014 година работа и на полето на енергетската ефикасност. Има овластување А и Б за проек-тирање, овластување Б за надзор на објекти и овластување за енергетски контролор. Како проектант има работено на изготвувње на техничка докумнетација за различен тип на објекти од областа на високоградбата, инвестициски надзор и координација на проекти. Во областа на енергетската ефикасност има искуство во изработка на сите видови документи.
zore@deltaproekt.com
Андреј Елзесер е дипломиран градежен инженер со работно искуство од 1991 година во изведба, надзор и координација на изградба и реконструкција на сите видови објекти во градежништвото. Искуството го има стекнато работејќи во Република Македонија и Република Чешка. Одговорен е за правење на предмери и пресметки и координација на сите градежни активности. Специјалност му изнаоѓање на креативни решенија за оригинални и деликатни градежни зафати. Има овластување А за изведба, овластување А за надзор на градежни објекти и овластување за енергетски контролор.
andrej.elzeser@deltaproekt.com
Зоран Олумчев е дипломиран градежен инженер, ко-сопственик на компанијата, вработен од 1985 година со работно искуство во земјата („МАКЕДОНИЈА ИНВЕСТ“, „ПЕЛАГОНИЈА“, „ВИВА“) и странство („МАКЕДОНИЈА ИНВЕСТ“ во Либија, „ЕИЦ МЕНАЏМЕНТ“ во Гер-манија и Казахстан), експерт за проек-тен менаџмент, надзор на градби, безбедност на згради и енергетска ефикасност. Овластувања: А за надзор, А за ревизија, Б за проектирање и овластување за енергетски контролор. Го води секторот за инженеринг и е раководител на договорите за објектите на Полска амбасада, Соравија, Гентерм, Ван Хол, ОДВ други.
zoran.olumcev@deltaproekt.com
Жанина Стаменкова е дипломиран градежен инженер, магистер по технички науки (Магистерска тема за енергетска ефикасност), ко-сопственик на компа-нијата, вработена од 1987 со работно искуство во земјата (ГП„МАВРОВО“) и странство („ЕИЦ МЕНАЏМЕНТ“ во Гер-манија и Казахстан), експерт за ене-ргетска ефикасност, водење на проекти статичка анализа на конструкции и . Овластувања: А за надзор, А за про-ектирање, Б за ревизија на градежни об-јекти и овластување за енергетски контролор. Имплементатор и интерен аудитор на стандардот МКС EN ISO 50001. Го води Секторот за енергетска ефикасност.
zanina.stamenkova@deltaproekt.com