top of page

 

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОБЈЕКТОТ И СТАНОВИТЕ:

 

  • Влезот во зграда на високо приземје на 1,2m од тротоарот;

  • Лифт до паркинзите во подрумот и до поткровјето;

  • Природно осветлени скали од приземјето до подрумот;

  • Лифт од тротоарот до влезот на зградата за лица со посебни потреби;

  • Лифт-платформа до подрумот каде се паркинзите кои се природно осветлени и природно вентилирани;

  • Објект со енергетска класа А: при негово стандардизирано користење, со внатрешна температи од 20°С, со греење од 14 часа на ден во грејна сезона и со 0,5 измени на воздух на час потребни се за греење помалку од 25kWh на m2 загреана површина годишно;

  • Греење и ладење со мулти-сплит ситем, DAIKIN.  Греењето на купатилата со  електрични регистри со термостат;

  • Прозорци со трослојно стакло, со коефициент на пренесување на топлина Uw<1,2W/m2K, систем REHAU GENEO;

  • Вештачка вентилација на купатила кои немаат прозорец и во кујните;

  • Звучна изолација помеѓу становите, кон скалишниот простор и лифтовското окно повисока од 52dB;

  • Топли подови со трослоен паркет од дрво;

  • Врати од медијапан со ЦПЛ фолија;

  • Влезни сигурносни врати од реномиран производител;

  • Купатила обложени со висококвлитетни плочки, со панелен сифон, стаклена преграда кон туш-кабина и квалитетни санитарии;

  • Пријатен амбиент на влезната партија и во ходникот пред влезот во становите.

 

Ви стоиме на располагање за дополнителни прашања.

bottom of page